Дома Топ вести После Рамос заминува и Варан, Французинот донел конечна одлука

После Рамос заминува и Варан, Французинот донел конечна одлука

Рафаел Варан донесе конечна одлука и ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

28-годишниот Французин влезе во последната година од договорот и му порачал на претседателот Флорентино Перез дека не сака да ја продолжи соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ова ќе биде голем удар за Реал кој ќе остане без двајцата најдобри дефанзивци, откако Рамос потврди дека го напушта клубот.

Меѓутоа, „кралевите“ се ставени пред свршен чин и ќе морат да прифатат продажба, бидејќи следното лето Варан ќе си замине без обештетување.

Најсилен интерес за Французинот покажуваат клубовите од Манчестер и Пари Сент Жермен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…