Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Пандев и Ангеловски „уловени“ во луксузен ресторан во Букурешт 📷

Пандев и Ангеловски „уловени“ во луксузен ресторан во Букурешт 📷

Во романаските медиуми се појавија фотографии кои можат да предизвикаат проблеми за македонската репрезентација.

Имено, капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски заедно со своите фамилии вечераат во ресторан, што е спротивно на правилата на УЕФА на ова ЕП.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Романскиот „Про-спорт“ ги улови Пандев и Ангеловски со семејствата во еден од најлуксузните ресторани во Букурешт, во комплексот Херастау додека останатите репрезентативци останаа во хотелот во „Мериот“.

Според правилата на УЕФА, играчите и стручните штабови на репрезентациите не смеат да го напуштаат клупскиот хотел, освен кога станува збор за тренинг или натпревар.

Македонија денес лета за Амстердам, а играчите кои играа против Украина имаат слободен ден и нема да тренираат.

Останува да видиме дали УЕФА ќе ги казни Ангеловски и Пандев поради прекршување на протоколот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Направи трансфер од 70 милиони евра, па игра фудбал на улица

Матеус Куња играше фудбал во родното место во Бразил со пријателите на улица, само неколку…