Откако стана јасно дека Матиа Де Шиљо ќе стане нов член на Јувентус, италијанскиот шампион до крајот на денот би можел да заврши уште еден голем трансфер.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што наведува познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марсио, нов член на „Старата дама“ би можел да стане и 23-годишниот крилен фудбалер, Федерико Бернардеши.
Преговорите на „Бјаконерите“ со младиот фудбалер траат веќе долго и договорот е многу блиску до реализација, па Бернардеши до крајот на денот се очекува да биде нов фудбалер на Јувентус.
На овој фудбалер како што е познато му е понудена и легендарната „десетка“ која последен ја носеше Пол Погба.
Фиорентина за Бернардеши би требала да инкасира околу 40 милиони евра со дополнителни бонуси, а Јувентус за него ќе биде голем предизвик, најголем во досегашната кариера.
Покрај Фиорентина, каде и се прослави, 23-годишниот фудбалер настапуваше и како позајмен играч во екипата на Кротоне.