Дома Фудбал Столе Димитриевски: Одигравме одлично второ полувеме, жалам што одбранетиот пенал не помогна

Столе Димитриевски: Одигравме одлично второ полувеме, жалам што одбранетиот пенал не помогна

Македонската репрезентација го запиша вториот пораз на ЕП, против Украина (2:1).

Голманот Столе Димитриевски одигра одличен меч, одбрани пенал, но жали што не дојдовме до позитивен резултат.

„Одигравме добар натпревар, во првото полувреме направиме неколку грешки, но во второто полувеме ја одигравме нашата најдобра игра. Одбранив пенал, но искрено не сум задоволен затоа што тоа не ни помогна да стигнеме до позитивен резултат“.

„На двата натпревари излеговме да се претставиме во најдобро светло, така ќе биде и протов Холандија. Одиме да одиграме најдобро што знаеме, ако можеме да победиме или да освоиме бод“, изјави Столе Димитриевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…