Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Турција – Велс, Турците ќе имаат една важна предност на овој меч

ЕУРО анализа: Турција – Велс, Турците ќе имаат една важна предност на овој меч

Турција и Велс во среда играат во терминот од 18:00 часот на ЕУРО 2020. Интересен ќе биде овој меч од многу аспекти, особено по ремито на Велс против Швајцарија во првото коло. Значаен дуел за двете селекции кои ќе се одигра во главниот град на Азербејџан, Баку на Олимпискиот стадион.

Како што рековме Велс одигра 1:1 со Швајцарија, додека Турција на отварањето на првенството во Рим, беше декласирана од домаќинот Италија со високи 3:0.

Велс имаше среќа против Швајцарија


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Роб Пејџ призна дека Велс имаше среќа во нивниот натпревар против Швајцарија во саботата што дојде до бод од тој меч.

Швајцарија изгледаше многу подобро на теренот, имаше двојно повеќе удари од Велс и требаше според шансите да ја зголеми својата предност откако Брел Емболо го отвори резултатот на почетокот на второто полувреме.

Сепак, неколкуте одлични одбрани на Дени Вард ги задржаа „змејовите“ во игра, а Кифер Мур постигна израмнувачки гол за Велс во Баку.

Тоа го остава Велс во пристојна позиција по првото коло во групата А, па со евентуална победа против Турција во среда ќе го запечати местото во осминафиналето. Сепак, дури и на Пејџ му е јасно дека не може на два натпревари во низа да се надеваат на среќата.

Реално, Велс има добри фудбалери кои можат да одиграат на многу повисоко ниво, имаат искуство, а го имаат и Бејл во тимот. Ако ги искористат своите квалитети и ги склопат коцките на вистински начин, тогаш може да очекуваат бодови и на овој меч. Но ако одиграат како со Швајцарија, тешко ќе дојдат и до еден бод.

Турција на своја страна ќе ги има навивачите, времето и Баку

По катастрофалното издание на отварањето против Италија во Рим, сега сите во Турција очекуваат подобра игра, или барем поголема борба и желба на зелениот терен. Мечот се игра во Баку, а надалеку се познати одличните односи на Турција и Азербејџан и поради близината на земјите и поради блискоста на народите. Затоа, сега Турција ќе биде силно поддржана во Азербејџан и тоа ќе мора да го искористи во своја корис, ако сака да ја мине групната фаза.

Откако се држеше цврсто во текот на првото полувреме, автоголот на Мерих Демирал ги отвори портите за италијанците и со головите на Чиро Имобиле и Лоренцо Инсиње на „Стадио Олимпико“, на турците им се случи поплава. Изгледаа навистина лошо во офанзивниот дел од играта и беа целосно надиграни. Проблемот највеќе беше до нив, не до толку убедливата игра на Италија. Со тоа заврши серија од шест натпревари без пораз за Турција.

Ѓунеш сака да ја врати Турција на голема врата, онаму каде што беше до пред една деценија. Тој беше човекот кој однесе Турција до третото место на Светското првенство во 2002 година и има неверојатно искуство. Нема човек во Турција кој не верува во него, па сега повторно сите се убедени во победа над Велс.

Прогноза

Турција може да се пофали со импресивен рекорд против Велс. Има интересни информации за меѓусебните дуели на Турција и Велс, а кога во прашање се селекторит. Така на пример, последен пат Турција од Велс загуби во 1981 година кога Ѓунес бранеше на голот за домашниот тим.

Од друга страна, Пејџ исто така беше на теренот кога Велс последен пат се сретна со Турција пред околу 24 години – во еден неверојатен натпревар со 10 гола кој го доби Турција со 6:4.

Сличен меч со многу голови овојпат не се очекува, но обете страни со задоволство би прифатиле тесна победа со еден гол. Ќе следиме претпазлива игра, особено од Велс. Турција сепак мора да нападне и не смее да си дозволи да брка три бода против Швајцарија, односно да зависи од тој меч. Сепак, квалитетот е на страна на Турција, а и навивачите, теренот и временските услови во Баку ќе бидат на нивна страна.

ТИП: Турција – Велс – ППХ @ 1.95 во Bet365

Турција – Велс – 1 @ 2.45 во Bet365

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…