Според она што се пишува во медиумите во Италија второлигашот Монца, тим кој е предводен од Берлускони и Галијани ќе се обиде да го доведе Горан Пандев.
Пандев се уште дефинитивно не ја соопштил својата одлука, но најавите се дека после Европското првенство со Македонија ќе оди пензија. Во Монца сепак сакаат барем да се обидат да го убедат Пандев да ја продолжи кариерата и да одигра уште една сезона за нив.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Информациите на Италијанците се дека Монца на Пандев ќе му понуди договор на една година со можност истиот да биде продолжен, тие се спремни да му понудат и нешто повисока плата од онаа која ја заработува во Џенова.
Останува да видиме дали оваа одлука може да влијае на одлуката на Пандев, а тоа ќе го знаеме после Европското првенство, во овој момент капитенот секако е фокусира на настапите за репрезентацијата.