Koшаркарите на Бруклин дојдоа до ново водство во плеј-оф серијата со Милвоки (3:2) откако и покрај повредите на Харден и Ирвинг ја добија петтата пресметка со 114:108.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најзаслужен за победата на Бруклин беше Кевин Дурант. Изгледаше дека Бруклин не можат да победата кон средината на третиот период „бакси“ имаа предност од 74:57, меѓутоа тогаш Бруклин предводен од Дурант се разбуди и направи целосен пресврт и дојде до убедлива победа.
Средбата Дурант ја заврши со 49 поени, 17 скока и 10 асистенции. Треба да се спомене дека ги одигра сите 48 минути и воопшто не седна на клупата.