Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Чурлинов: Пресреќен сум што сум тука, да бидеме Македонија каква што знаеме да бидеме!

Чурлинов: Пресреќен сум што сум тука, да бидеме Македонија каква што знаеме да бидеме!

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Дарко Чурлинов е најмладиот дебитант во историјата на Македонија и тој денес одговораше на прашањата на новинарите пред дуелот со Украина.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Пресреќен што имам прилика да бидам дел од овој тим, ова е Европско првенство. Атмосферата секако дека е одлична, нормално е да има еуфорија, среќни сме и весели. На тренинзите нормално дека постои таа концентрација и се надеваме дека така ќе остане“

Очекува ли да настапи со Украина?

„Јас лично сум спремен во секој момент да помогнам да победи екипата, верувам во моите екипи“.

„На Европско првенство секој натпревар е тежок, не може пред време да се каже како ќе се одвива натпреварот. Треба да влеземе во натпреварот и да дадеме се од себе, да бидеме Македонија каква што можеме да бидеме“.

„Многу сум горд што сум најмладиот дебитант во историја на Македонија. Секој сака да постигне гол во ваков натпревар, но многу поважно е да се победи натпреварот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…