Дома Фудбал „Македонија прими три гола, но одлично се бранеше, ќе биде тешко против нив“

„Македонија прими три гола, но одлично се бранеше, ќе биде тешко против нив“

Евген Левченко, поранешниот репрезентативец на Украина кој најголем дел од кариерата помина во Холандија ги предупреди своите сонародници пред дуелот со Македонија.

Иако Македонија изгуби со 3:1 од Австрија, тој порачува дека ние сме репрезентација која добро знае да се брани.

„Македонија прими три гола, но и покрај тоа знае многу добро да одигра во дефанзива, имаше свои шанси и свои момент, но не ги искористија. Затоа сигурно дека не чека тешка задача за да ги освоиме бодовите, Пандев и во тие години игра на врвно ниво, тешко ќе биде да се чува. Тоа што примија три гола не значи дека не се бранат добро. Исто така треба да бидеме свесни дека имаат фудбалери кои знаат добро да одиграат и во офанзива, Елмас е играч кој знае да освои простор, тука и е Барди…Се лажеме ако биде лесно“, изјави Левченко.

Натпреварот помеѓу Македонија и Украина се игра во четврток во 15:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…