Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО ЕУРО анализа: Германија – Франција, првото големо дерби на ЕП

ЕУРО анализа: Германија – Франција, првото големо дерби на ЕП

Денес на програмата на ЕУРО 2020 се натпреварите од групата Ф и нормално кога е оваа група во прашање, се игра и дербито на колото. Судир од огромни размери ќе се случува во групата на смртта вечерта – освојувачите на Светското првенство во 2018 година Франција ќе играат со светскиот шампион од 2014 година, Германија.

Мечот се игра во вечерниот термин од 21:00 часот на Алианц Арената во Минхен, домот на гигантот Баерн Минхен.

Дешамп може до историја


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Дваесет и една година по триумфот на Франција на ЕУРО 2000, кога Дешамп како играч го крена пехарот, сега ќе се обиде да го освои толку драгоцениот медал и како селектор на својата земја. Сака како менаџер да ги обедини Светската и Европската титула и да стане еден од најдобрите во историјата, а спомените од нивното славно светско првенство пред три години се уште се свежи.

Цела страница во историските книги за фудбалот е на располагање за Дешамп, кој би можел да стане првиот човек што некогаш уживал во триумфи на Светското првенство и ЕУРО како играч и како менаџер. Тоа би било неверојатен успех, не само за него туку воопшто за Франција и нешто недостижно за многумина, или пак којзнае кога повторно повторливо.

Франција има неверојатен тим. Дешамп слободно може да создаде два тима и со двата да атакува на титулата. Тие се фаворити број еден според букмејкерите, според фудбалските експерти. Тим со еден куп ѕвезди, но Дешамп добро знае дека ѕвездите не ги освојуваат титулите. Без разлика на се, Франција нема да се прошета до финалето, особено што се наоѓа во најтешката група на шампионатот.

Франција со неверојатен квалитет

Франција можеби претрпе неочекуван пораз од Турција за време на квалификациите за ЕП 2020, но нивното место на турнирот никогаш не беше под знак прашање. Селекцијата се наоѓа во добра форма. Во Март на стартот на квалификациите за СП, прво ремизираа со Украина па забележаа две победи над Казакстан и БиХ. Во подготовките пред првенството следеа две победи од по идентични 3:0 над Велс и Бугарија.

Има еден интересен податок врзан за Франција – од инаугуративниот турнир во 1960 година, оваа земја нема пораз на отварање на Европските првенства – загуби со 5:4 од тогашна Југославија пред 61 година.

Сакаат да продолжат со таа неверојатна серија и на овој шампионат, без разлика што стартуваат против селекција како Германија. Има Франција секако поквалитетен тим. На сите позиции има по минимум двајца неверојатни фудбалери, европски ѕвезди. Веројатно, најсилната страна сепак се крилните позиции каде Дешамп има неверојатен избод на фудбалери: Мбапе, Гризман, Лемар, Дембеле и Коман.

Лев со катастрофални одлуки го предизвика гневот на навивачите

Селекторот на Германија, Лев, се подготвува за последниот танц како селектор на германците, бидејќи без разлика на резултатот на ЕУРО, тој ќе биде сменет од селекторската функција. Впрочем, веќе е сменет и се знае негвиот наследник.

На Лев никој не може да му ја одземе славата по титулата на Светското првенство во 2014 година, но неговите потези во последно време ја уназадија репрезентацијата до речиси непрепознатливост.

Неизбежната оставка на Лев доаѓа во време кога Германија стана жртва на крајно неочекувани резултати – имено, поразот од 6:0 против Шпанија и поразот на домашен терен од Македонија со 1:2 ја прелија чашата. Во подготовките следеше реми со Данска 1:1, па една неверојатна победа од 7:1 против Летонија, но таа победа дури ќе беше вообичаена за Германија пред неколку години.

Колку помалку се зборува за Германија на СП во Русија 2018, толку подобро, но нов турнир носи нови можности за секогаш цврстиот германец. Сепак, без разлика на се, Германија никој не смее да ја отпише од трката по титулата.

Без разлика на се, Германија има одличен тим

Лев проба со тројца одбранбени фудбалери на пријателските пријателства со Летонија и Данска, со Антонио Рудигер, Матс Хумелс и Матијас Гинтер и тие се очекува да му обезбедат заштита на Мануел Ноер.

Тони Крос и Илкај Гундоган треба да ја одржуваат средината бидејќи Леон Горецка не е доволно подготвен барем за стартот на шампионатот.

Германија секако дека може да се пофали со богатство од напаѓачки талент, но Лев мора да избере само тројца фронтмени во почетниот состав. Серж Гнабри, Томас Мулер и Каи Хаверц се сметаат за најверојатна комбинација во офанзивата.

Според ова, јасно е дека Германија повторно има одличен тим, одлични индивидуи и секако дека ќе го нападне златото. Германците секогаш одат на трофеј, секогаш тоа е така, но овој пат ќе имаат далеку потешка задача од предходните големи натпреварувања. Веќе на стартот, по мечот со Франција многу нешта ќе бидат појасни.

Прогноза

Големо дерби ќе биде ова. Ова е меч кој слободно можеме да го наречеме финале. За двете селекции овој дуел може да биде клучен, особено што во оваа група се наоѓа и Португалија. Од таа гледна точка, секој изгубен бод може да биде фатален. Франција има поквалитетна селекција, но Германија игра дома, каде доживеа прв пораз после 20 години, токму на мечот со Македонија.

Јасно е дека без разлика на се, овде ќе има голема неизвесност и мали детали ќе го одлучат евентуалниот победник. Многу поверојатно е да има голови и најдобро е да се обложите на таква игра.

ТИП: Германија – Франција – ГГ @ 1.88 во 22Bet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…