Дома Фудбал Италија Интеристите му се поклонија на Кјаер, Милан го наградува

Интеристите му се поклонија на Кјаер, Милан го наградува

Капитенот на Данска, Симон Кјаер со храбрата и одлучна реакција му го спаси животот на Кристиан Ериксен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кјаер го воодушеви фудбалскиот свет, а со тој гест ги обедини и лутите градски ривали Интер и Милан.

Навивачите на Интер му оддадоа почест на Кјаер за неговата пожртвуваност и хуманост, па денес ставија голем транспарент во центарот на Милан.

„Кјаер, голем човек и вистински капитен“, напишаа „нероаѕурите“ за нивниот ривал.

И неговиот Милан ќе го награди Кјаер за неговиот гест, а „Газета дело Спорт“ тврди дека тој ќе биде нов капитен на „росонерите“. Данецот треба да го наследни Ромањоли, кој е на излезна врата.

Ова не е случајно, тренерот Пиоли и раководството веќе подолго време размислуваат да му ја дадат капитенската трака на Кјаер бидејќи е вистински лидер на теренот и во соблекувалната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Meси утре испишува историја, може ли како Кафу?

Аргентинската фудбалска репрезентација во недела од 21 час во Њујорк ќе го одигра финалето…