Дома Фудбал Легендата на Барселона најави крај на кариерата

Легендата на Барселона најави крај на кариерата

Легендарниот шпански фудбалер Чави Ернандез потврди дека ова ќе биде негова последна сезона во кариерата.

„Ова е моја последна сезона во кариерата. Ќе се пензионирам како играч, но ќе останам во фудбалот. Планирам да работам како тренер“, изјави Чави за мадридскиот весник „АС“.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Чави во 2015 ја напушти Барселона и се пресели во Катар, во екипата на Ал Сад. Договорот со овој тим му истекува во јуни 2015 година.

Еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња дресот на сениорскиот тим на Барселона го носеше од 1991 до 2015 година.

Со Каталонците во кариерата освои 25 трофеи, вклучувајќи осум титули во Примера и четири во Лигата на шампионите.
Со репрезентацијата стана двоен европски првак (2008 и 2012), олимписки шампион (2000) и светски првак (2010).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луис Енрике го „пецна“ Мбапе: Сега имаме подобар тим

Тренерот на Пари Сент Жермен, Луис Енрике, по синоќешната победата над Џирона го спореди н…