Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Првите зборови на Ериксен од болница: Нема да се предадам!

Првите зборови на Ериксен од болница: Нема да се предадам!

Кристиан Ериксен испрати порака до фановите од болницата во Копенхаген, каде беше примен после инцидентот на мечот со Финска.

29-годишниот плејмејкер доживеа срцев удар на теренот и само брзата реакција на капитенот Кјаер и на медицинскиот тим му го спасија животот.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Ерииксен во моментов е во болница, каде се наоѓа под надзор на специјалисти и е во стабилна состојба, а дополнително ќе му бидат направени додатни испитувања.

„Благодарам на сите, нема да се предадам. Сега се чуствувам подобро, но сакам да разберам што се случи со мене. Сакам да им се заблагодарам на сите за се што сторија за мене и за силната поддршка која ја добив“, изјави Ериксен.

Според „Газета дело Спорт“ во четврток е најавено негово доаѓање на стадионот „Паркен“ за да ги бодри колегите од репрезентацијата против Белгија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Мареска: Не сме во трка за титулата

Фудбалерите на Челзи сезонава играат подобро од претходните, а двигател на се е новиот тре…