Дома Топ вести УЕФА потврди: Ериксен во стабилна состојба е префрлен во болница!

УЕФА потврди: Ериксен во стабилна состојба е префрлен во болница!

Фудбалерот на Данска, Кристијан Ериксен на дуелот против Финска на Европското првенство колабираше на крајот на првото полувреме, по што беше реанимиран.

Натпреварот беше прекинат откако Ериксен се сруши, лекарите притрчаа на теренот и реанимираа, по што тој беше изнесен од стадионот, но по некое време се појави слика од Копанхаген која дава надежи и добри вести.

УЕФА информираше дека одржа кризен состанок со двата тима и со официјалните лица на натпреварот, а дополнителните информации ќе бидат соопштени подоцна.

– Играчот е пренесен во болница и е стабилизиран – соопштуваат од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кристијано Роналдо конечно одговори на прашањето кое ја интересира Португалија, но и целиот свет!

Кристијано Роналдо одговори на прашањето колку долго ќе продолжи да игра професионален фуд…