Дома Фудбал Англија Манчестер Сити се ослободи од него и оваа сезона и го испрати во Вест Хем

Манчестер Сити се ослободи од него и оваа сезона и го испрати во Вест Хем

Англискиот репрезентативен голман, Џо Харт оваа сезона ќе ја мине на позајмица во Вест Хем.

Чуварот на мрежата на Манчестер Сити изминатата сезона ја мина на позајмица во Торино, бидејќи тренерот Пеп Гвардиола не смета повеќе на него.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Изминатата сезона беше забавна уживав во Серија А и Торино, но подготвен сум да се вратам во Премиер лигата и се радувам што повторно ќе бидам дел од неа“, истакна Харт за официјалниот сајт на Вест Хем.

Сити прифати ја финансира дел од платата на Харт која изнесува 120.000 евра неделно, пишуваат британските медиуми. Вест Хем има можност на крајот на сезоната да го откупи неговиот договоор.

Харт инаку е дел од Сити од 2006. година. За клубот одигра вкупно 348 натпревари и ја освои Премиер лигата во 2012. и 2014. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гол на сезоната во Премиер лигата (видео)

Манчестер Сити го пречекува Борнмут во натпревар кој е од исклучително значење за „граѓани…