Дома Останати Ракомет Раул: Не смееме да го потцениме Алборг, можат да бидат како Вардар

Раул: Не смееме да го потцениме Алборг, можат да бидат како Вардар

Поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалес пред настапот на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите со голема почит зборуваше за данскиот шампион Алборг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ПСЖ ќе се сретне со дебитантот на завршниот турнир во елитата, а Раул предупреди дека Алборг не смее да се потцени и го спореди со Вардар.

„Многумина ќе кажат дека Алборг е најслабиот тим на овој турнир, но тие го исфрлија Флензбург, тим кој два пати не победи. Алборг е како Вардар, првпат на Ф4, а кога Вардар дојде првпат на Ф4 и ја освои Лигата на шампионите. Мораме да имаме целосен респект кон нив“, изјави Раул.
Ќе потсетиме дел од Ф4 ќе биде и Кирил Лазаров со својот Нант, нашиот капитен и селектор ќе се сретне со неговиот поранешен клуб Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Oва е распоредот на Вардар во ЛШ: Почнува кај Пародоно завршува во Франција!

Веднаш по извлекувањето на групите беше објавен и распоредот на натпреварите за Вардар во …