Дома Фудбал Преговорите стопирани: Коман го шокираше Баерн Минхен

Преговорите стопирани: Коман го шокираше Баерн Минхен

Иднината на Кингсли Коман во Баерн Минхен е неизвесна откако играчот не може да се договори со клубот за продолжување на соработката.

Договорот на Коман истекува 2023 година. Тој нема намера да ја продолжи соработката ако не му биде понудена двојно поголема плата, а моментално заработува 8 милиони евра по сезона.

Баерн веќе испрати понуда за нов договор, но 25-годишниот Французин не е задоволен и неговиот агент Пини Захави ги стопирал преговорите.

Коман бара плата од 17 милиони евра по сезона, а Баерн не е спремен да ги задоволи неговите барања, па агентот веќе работи на трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Застој во преговорите со Палас: Сар ги остава опциите отворени за јануари

Разговорите за нов договор на Исмаила Сар не носат напредок, а според „Фудбал инсајдер“, к…