Македонија во недела го започнува Европското првенство, а првиот натпревар го играме против Австрија воБукурешт. Вториот исто така ќе се игра во Букурешт, а противник ќе биде селекцијата на Украина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонските навивачи кои дојдоа до билети нема да имаат проблем да присустуваат на овие два натпревари, но ќе биде проблем третиот кој го играме во Амстердам против домаќинот Холандија.
Во Холандија на сила е забраната за влез на граѓани од трети земји, а Македонија не е на зелената листа на оваа држава. Ова значи македонските навивачи нема да можат во живо да го гледаат овој дуел.
Ваквата информација вчера вечер ја објави холандската амбасада во нашата земја.