Шведскиот милијардер Даниел Ек ја зголеми понудата за откупување на акциите на англискиот гигант Арсенал.
Семејството Кронке ја одби првата понуда која изнесуваше 1,8 милијарди фунти.
Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓
Сега шведскиот милијардер ќе испрати нова понуда, која ќе биде нешто повисока од 2 милијарди фунти, односно 300 милиони фунти повеќе од првата понуда.
Легендите на Арсенал Тиери Анри, Беркамп и Виеира веќе упатија апел кон Кронке да го продаде клубот. Меѓутоа, Американецот нема никаква намера да го продаде мнозинскиот пакет на акции.
Фановите на Арсенал во последно време започнаа масовни протести против сопствениците, па медиумите тврдат дека оваа понудат може да го натера Кронке да го продаде клубот.