Maкедонскиот репрезентативец Енис Барди денес на прес-конференцијата за новинарите во Букурешт зборуваше за деновите кои ги поминуваше во карантин.
Како што е познато Барди доби позитивен тест по доаѓањето од Леванте, но за среќа на време ги надмина тие проблеми и се приклучи на репрезентацијата пред патот за Букурешт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Беше навистина тешко за мене. Мислев дека нема дека ќе го пропуштам Европското првенство, поминаа тие 10 дена. Сега сум добро и немам проблеми. Тренирав колку што можев додека бев во соба, ги искористив и тие неколку дена кога излегов од карантин. Со нетрпение го чекаме натпреварот“.
Барди беше дел од младинската репрезентација која настапи на ЕП до 21 година.
„Навистина тоа беше едно фантастично искуство, но ова е нешто поинаку. Не сме тука како аутсајдер и задоволни само што сме тука. Македонија покажа дека вреди и дека има големи играчи. Ова ЕП ќе ни помогне да докажеме на Европа и цел свет дека Македонија знае да игра фудбал“.
За првиот меч е подготвен, но од селекторот зависи дали ќе игра.
„Јас сум подготвен за секоја минтуа, но од селекторот зависи дали ќе играм. Најважно еш то сум здрав и што сум дел од ова ЕП. Треба да уживаме во секоја минута тука“, изјави Барди.