Дома Фудбал Репрезентации Бонучи: Оваа Италија нема ѕвезди како Роналдо или Лукаку, но има заедништво

Бонучи: Оваа Италија нема ѕвезди како Роналдо или Лукаку, но има заедништво

Дефанзивецот на Италија, Леонардо Бонучи ја пофали силата на тимот на „аѕурите“, стоперот на Јувентус смета дека заедништвото е најголема сила на оваа Италија.

„Во оваа Италија можеби немаме играчи како Кристиано Роналдо или Ромелу Лукаку, но ѕвездата на италијанскиот тим е групата, тоа е клучот на успехот. Мораме да покажеме тимси дух и со победи да ја вратиме среќата кај Италијанците после негативното искуство на СП 2018 година“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италија Светското првенство ќе го отвори во петок против Турција.

„Цела година го чекавме овој момент, започнува една голема авантура, секако дека сакаме да одиме до крај. Пред нас има селекции со поголемо искуство, но ние сме тука да се натпреваруваме и никогаш нема да се откажеме“, порача Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…