Тотенхем е решен да ги одбие сите понуди од Манчестер Сити за Хари Кејн кои ќе вклучуваат покрај пари и некој фудбалер.
Хари Кејн е решен да ја промени средината ова лето и веќе побарал трансфер од раководството на Тотенхем, бидејќи сака да игра во клуб кој ќе се бори за трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на „спарси“ Даниел Леви одреди цена од 150 милиони фунти и нема намера да отстапува од неа.
Најсилен интерес за Хари Кејн покажува Манчестер Сити, кој пак не е спремен да ја плати целата сума и сака да вклучи играч во зделката.
Англиските медиуми пренесоа дека „граѓаните“ се спремни како дел од трансферот да ги понудат Габриел Жесус и Рахим Стерлинг.
Меѓутоа, Тотенхем ќе ги одбие сите понуди, бидејќи ја сака целата сума во кеш.