Дома Фудбал Проблем за Холандија: Се повредил Де Лихт!

Проблем за Холандија: Се повредил Де Лихт!

Репрезентацијата на Холандија се соочува со нов проблем во одбраната пред почетокот на Европското првенство, се повредил Матијас Де Лихт.

Фудбалерот на Јувентус не го завршил последниот тренинг за својата репрезентација поради болки во препонети. Според информациите селекторот Де Бур не сакал ништо да ризикува и веднаш го испратил во соблекувалната.

Последните информации велат дека постои загриженост во репрезентацијата дека Де Лихт нема да биде максимално подготовен за натпреварите на ЕП.

Ќе потсетиме Холандија веќе остана без Ван Дајк, па евентуално неиграње на Де Лихт секако би било голем проблем. Холандија на ЕП е фаворитот во нашата група каде што се уште Украина и Австрија. Со Холандија ние ќе се сретнеме на 21. јуни во третото коло, во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две победи не ги сокрија слабостите: Леко допрва треба да го среди Динамо

Џерко Леко донесе енергија и резултати, но триумфот во Вараждин покажа дека Динамо сè уште…