Дома Македонски спорт Успешен последен тест: Казахстан испратен со „покер“, радуваат головите на младите!

Успешен последен тест: Казахстан испратен со „покер“, радуваат головите на младите!

Maкедонската фудбалска репрезентација денес одигра одличен натпревар и запиша убедлива победа на последната контролка пред Европското првенство.

Од самиот почеток ние бевме репрезентацијат која го диктираше темпото, Елмас им создаваше проблеми на гостите со своите соло продори. После еден таков соло продор Елиф изнуди пенал, а сигурен реализатор во 35. минута беше Езгјан Алиоски. Казахстанците во финишот од првиот дел останаа и со играч помалку, директен црвен картон заработи Мужиков. Со предност од 1:0 заминуваме на пауза.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Второто полувреме помина во целосна доминација на Македонија, а тоа можеше да се види и на теренот затоа што постигнавме уште три гола.

Тричковски прво во 57. минута погоди за 2:0. Тоа беше една одлична акција која започна од Пандев кој маестрално го пронајде Костадинов за тој да му асистира на Тричко.

Во 73. минута првенецот во македонскиот дрес го постигна Милан Ристовски, а само две минути подоцна Дарко Чурлинов ги постави конечните 4:0.

Ова беше последен натпревар за Македонија пред Европското првенство, сега ја чекаме Австрија на 13. јуни во Букурешт и дебито на големата сцена.

ФОТО: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Екс-репрезентативецот жестоко удри по Милевски: Селекторе, доста е – не мој да не лажеш!

Поранешниот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски жестоко го нападна селекторот Благ…