Откако вчера од тимот на Англија официјално отпадна десниот бек Трент Алексадар Арнолд, денес медиумите на Островот се загрижени дека Џордан Хендерсон и Хари Мегваер можат да го пропуштат целото ЕП.
Двајцата се рехабилитираат од повреди, но се уште не се блиску до започнат со целосни тренинзи. Капитенот на Ливерпул долго време на лекува повредата, но според „Сан“ ситуацијата се влоѓила.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Капитенот на Јунајтед пак се лекува од повреда на глуждот, но во моментов може да одработи само лесни тренинзи.
Селекторот Герет Саутгејт призна дека ако требало да избира состав од 23 фудбалери, двајцата немало да бидат повикани за ЕП.
Мегваер и Хендерсон се повикани помеѓу 26-те фудбалери, но медиумите на Островот се песимисти дека ќе можат да одиграат барем еден натпревар.