Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер ќе добие голем буџет за засилување на тимот во летниот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сопствениците на клубот, семејството Глејзер сакаат да го смират незадоволството на навивачите и се спрмени да инвестираат 200 милиони фунти ова лето.
Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер сака квалитетни засилувања и целиот буџет ќе го потроши на четири засилувања.
Не е тајна дека примарна цел на Јунајтед е Џејдон Санчо, а последните информации говорат дека преговорите со Борусија Дортмунд се во напредна фаза.
Солскјер сака да донесе две засилувања во одбраната. Најголема желба е Рафаел Варан, кој се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид и може да биде продаден ова лето.
Потоа сака да ја засили десната бековска позиција со Киран Трипие од Атлетико Мадрид за да му биде конкуренција на Ван-Бисака.
Последно име на списокот е играчот на Астон Вила, Том Хијтон, кој може да пристигне на „Олд Трафорд“ како слободен агент.