Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Де Брујн го пропушта првиот меч на ЕП, потоа ќе игра со маска

Де Брујн го пропушта првиот меч на ЕП, потоа ќе игра со маска

Плејмејкерот на Манчестер Сити, Кевин де Брујн сигурно ќе го пропушти првиот меч за Белгија на Европското првенство.

Ова денес го потврди селекторот Роберто Мартинез, откако Де Брујн се повреди на финалето во Лигата на шампиони.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Де Брујн се здоби со фрактура на носот и сигурно ќе го пропушти мечот со Русија, а на останатите натпревари ќе игра со специјална маска.

„Она што можам со сигурност да го кажам е дека Кевин нема да биде подготвен за нашиот прв натпревар. Ќе морам да му најдам достојна замена во тимот. Подоцна на турнирот, ако игра, ќе носи заштитна маска на неговото лице. Ќе знаеме повеќе следната недела дали ќе биде подготвен за другите натпревари. Сега е најважно да го оставиме да се одмори и да се подготви за турнирот”, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Парти го напушти Арсенал и ќе дебитира против – Арсенал!

Томас Парти ова лето се раздели со Арсенал како слободен играч и се договори со Вилјареал.…