Првиот чувар на мрежата на репрезентацијата на Холандија Јаспер Силенсен бесно реагираше на одлуката на Франк Де Бур да го отпише од патниците за Европското првенство.
Силенсен доби позитивен тест непосредно пред тренинг-кампот на Холандија. Прво беше најавено дека ќе се приклучи пред тргнувањето, но Де Бур потоа ја смени одлуката. Силенсен за холандските медиуми зборуваше дека таквата одлука на селекторот не му е јасна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На објавениот поширок список јас се уште бев прв голман, а Де Бур знаеше дека имам корона. Пред заминувањето во Португалија ми кажа дека ќе се приклучам штом ќе добијам негативен тест. Не знам што се смени да ја промени одлуката, немам ниту образложение, не ми даде никаков одговор. Само ми се јави и ми соопшти, никогаш не сум се чувствувал повеќе беспомошен, гневен и очаен како сега“, изјави Силенсен.
Ќе потсетиме, Холандија на Европското првенство ќе игра во група со нашата репрезентација. Со Холанѓаните ќе се сретнеме во третото коло од групната фаза во Амстердам.