Дома Македонски спорт Мак ракомет Борко: Малите луѓе од Битола се жалат на судењето затоа што во Скопје губеа 10-11 разлика

Борко: Малите луѓе од Битола се жалат на судењето затоа што во Скопје губеа 10-11 разлика

Голманот на Вардар, Борко Ристовски нормално беше задоволен откако Вардар вчера ја потврди титулата во домашното првенство.

При прославата Борко малку ги „пецна“ и ривалите од Битола, тимот на Е.Пелистер. Еурофарм Пелистер во последните неколку кола имаше забелешки на судењето, но убедливата победа на Вардар во Скопје беше мечот кој го реши првенството.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ако видиме каква беше сезоната можам да кажам дека ја завршуваме успешно. Кога ќе се земе предвид дека клубот беше пред згаснување и она што му се случува на фудбалскиот клуб, истото можеше да се случува и тука. Кога ќе собереме, короната, кризата, оставањето на цедило…Ова е навистина реален дострел. До нас стигнаа некои информации дека противникот од Битола се жалел на судењето. Нас во последните неколку кола ни судат луѓе од Битола, па никој не се пожалил. Таа одлика е одлика на мали луѓе кои не можат да се помират со тоа што го губеа со 10-11 разлика. Таквите информации не натераа денес да имаме посериозен пристап и сите можевте тоа да го видите“, изјави Борко.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…