Барселона минатото лето плати 30 милиони евра за напаѓачот на Брага, Тринкао.
21-годишниот Португалец не доби шанса да го покаже својот квалитет бидејќи добиваше мала минутажа на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тринкао оваа сезона постигна само 3 гола и запиша 2 асистенции, а Барселона е спремна да го продаде на лето.
Италијанските гиганти Милан и Рома ќе се обидат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат во своите редови на лето.
Рома е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи менаџер на Тринкао е Жорге Мендеш, кој е менаџер и на Мурињо осто така.
Трансферот би можел да се реализира на едногодишна позајмица со право на откуп за 25 милиони евра.