Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна цел на Јувентус ова лето ќе биде засилување во нападот.
Јувентус ќе ја продолжи позајмицата на Алваро Мората од Атлетико Мадрид, но Алегри бара да биде донесен уште еден класичен напаѓач.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Прва трансфер цел на „старата дама“ е Аркадиуш Милик, кој во јануари се пресели во од Наполи во Марсеј.
Меѓутоа, „Екип“ открива дека во договорот на Милик постои откупна клаузула од само 12 милиони евра.
Со оглед дека ќе се прави ремонт во екипата на Јувентус, доаѓањето на Милик за само 12 милиони евра се смета добар потег на „старата дама“.