Тотенхем нема да се откаже и тргнува во уште напад по играчот за врска на Мадриѓаните.
Имено, веќе долго во Лондон се шушка, но сега Тотенхем тргна во акција. Маурисио Покетино по секоја цена сака да го донесе Матео Ковачиќ од Реал. Првата конкретна понуда од 25 милиони евра е одбиена, но како што пренесува „Ас“ тука не е крај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се наведува, Покетино сака да изгради екипа токму околу Ковачиќ, а парите во овој момент не се проблем за лондонскиот тим бидејќи неодамна го продаде Вокер за 57 милиони евра во Манчестер Сити.
„Ас“ наведува дека Тотенхем во оваа битка можело да има силна конкуренција како што се Интер, Милан и Наполи.
Сепак, Зидан не сака лесно да се откаже хрватскиот интернационалец, а подготвен е тоа да го стори само ако стигна фантастична понуда која не се одбива.
Ковачиќ во Реал дојде во летото 2015. година од Интер, а изминатата сезона за Реал одигра 39 натпревари на кои постигна два погодоци.