Дома Македонски спорт Ристовски: Добро ќе ни дојде овој натпревар со Словенија

Ристовски: Добро ќе ни дојде овој натпревар со Словенија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски и заменик капитенот Стефан Ристовски денес одржаа прес-конференција за новинарите.

Натпреварот против Словенија не очекува утре во 18:00 часот. Денес репрезентацијата ќе биде комплетна затоа што се очекува пристигнување на Столе Димитриевски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ова ќе биде натпревар во кој ќе можеме да видиме до каде сме со формата. Словенија е една добра репрезентација, нивниот селектор е одличен и сигурно дека овој дуел добро ќе ни дојде“, изјави Ристовски.
Ристовски ја прокоментира и селекцијата на Австрија која не победи во Скопје со 4:1.

„Кога Австрија не победи со 4:1 во Скопје тоа беше една голема лекција за нас. Ние од тогаш се пласиравме на ЕП и ја победивме Германија, имаме поголема самодоверба. Но, има време до тогаш. Од тој натпревар извлековме многу поуки“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …