Дома Фудбал Официјално: Интер ја „блиндираше“ младата ѕвезда

Официјално: Интер ја „блиндираше“ младата ѕвезда

Италијанскиот шампион Интер потврди дека Алесандро Бастони се обврзал на верност до 2024 година.

22-годишниот Италијанец веќе втора сезона игра во Интер и оваа сезона беше еден од најдобрите поединци во тимот на Конте.

Станува збор за еден од најголемите таленти на Апенините за кого беа заинтересирани многу клубови, па Интер сакаше што побрзо да ја продолжи соработката.

Со новиот договор Бастони ќе заработува значително поголема плата. Односно 2,8 милиони евра по сезона кои со бонуси може да достигнат до 4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсими бара три бода во Гостивар и одговор за августовскиот пораз од Брегалница

По ремијата со Силекс и Тиквеш, Арсими ја пречекува Брегалница со јасна победничка амбициј…