Дома Фудбал Репрезентации Играчот на Астон Вила на сред интервју доби порака од холандскиот селектор дека не оди ЕП 🎥

Играчот на Астон Вила на сред интервју доби порака од холандскиот селектор дека не оди ЕП 🎥

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Франк Де Бур го објави списокот од 26 играчи на кои ќе смета за Европското првенство.

„Ова е списокот на 26 играчи на кои ќе сметам за Европското првенство. Што би било ако имав можност да повикам 27 играчи? Мислам дека Ел Гази ќе беше на списокот“, изјави Де Бур на прес-конференцијата кога го соопшти списокот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


26 годишниот Ел Гази имаше одлична сезона во Астон Вила, постигна десет гола во Премиер лигата и многумина очекуваа да се најде на списокот на холандскиот селектор. Интересно, Ел Гази дека не оди на ЕП дозна во текот на едно интервју.

„Во овој момент не можам да те поведам на Евро“, му напишал Де Бур на фудбалерот на Астон Вила.

„Тоа е порака која што туку ја добив. Остатокот ќе го задржам за себе“, откри разочараниот Ел Гази.

Ќе потсетиме, Холандија на ЕП ќе игра заедно во група со Македонија, Украина и Австрија. Ние со Холандија играме во третото коло од групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …