Дома Топ вести Зинедин Зидан ја напушти клупата на Реал Мадрид!

Зинедин Зидан ја напушти клупата на Реал Мадрид!

Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид.

Францускиот стручњак синоќа им соопштил на раководството во клубот дека заминува од клупата и Реал ќе мора да бара ново решение за следната сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


За заминувањето на Зидан често се зборуваше во претходниот период. Тој сепак одбиваше да зборува за тоа, но на крајот шпекулациите се покажаа како точни.

Легендарниот Французин синоќа ја соопштил одлуката дека заминува од клубот и таа е конечна.

Ова за легендарниот Зизу е втор мандат на клупата на кралскиот клуб, а го започна во март 2019. година.

Сепак, за разлика од првиот (2016-2018) во кој освои три трофеи ЛШ, Ла Лига, два УЕФА и шпански Суперкуп, потоа ФИФА Светско клупско првенство, овој пат дојде до само еден трофеј.

Реал под негово водство минатата сезона ја освои титулата во Ла Лига, додека оваа сезона остана без трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карагер: Салах е поголема легенда од Роналдо во Премиер лигата

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер предизвика дебата со тврдата дека Мохаме…