Oткако од едниот крај на Милан одекна „бомба“ дека Конте си заминува, од другиот Малдини потврди – Донарума нема да го продолжи договорото со Милан.
Долго време се шпекулираше дека Донарума ќе го напушти Милан, а сега тоа го потврди и Паоло Малдини.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Донарума беше еден од нашите најважни играчи оваа сезона, но патиштата ни се разделија. Можеме да му посакеме се најдобро“, изјави Малдини.
Од 1. јули Донарума ќе биде слободен играч што значи дека Мино Раиола сега може слободно да ја избере најдобрата понуда за себе и својот клиент.
Во последниот период името на Донарума најмногу се поврзуваше со Јувентус, но се споменува и Барселона.