Ливерпул го комплетираше трансферот на дефанзивецот на Лајпциг, Ибрахима Конате и се очекува само официјализација.
Француските медиуми пренесуваат дека Конате веќе ги минал лекарските прегледи и ставил потпис на 5-годишен договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според англиските медиуми Ливерпул ќе ја плати откупната клаузула за 21-годишниот Французин, која изнесува 35 милиони евра.
Клоп беше во потрага по дефанзивец кој ќе може да го замени повредениот Ван Дајк, но исто така во иднина да биде и негов партнер во дефанзивната линија.
Конате одигра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Ливерпул ја победи конкуренција.
Ibrahima Konate to Liverpool: 𝙃𝙚𝙧𝙚 𝙬𝙚 𝙜𝙤 𝙘𝙤𝙣𝙛𝙞𝙧𝙢𝙚𝙙! 😍@FabrizioRomano pic.twitter.com/kODu4NBMYp
— Anfield Watch (@AnfieldWatch) May 25, 2021