Англиските медиуми најавуваат дека натпреварите од Европското првенство кои ќе се играат на „Вембли“ ќе бидат пред полни трибини и капацитет од 90.000 гледачи.
Ваквите најави доаѓаат после успешното тестираае во Англија по масовната вакцинација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На последните тестови во оваа пандемија со ковид-19 само 15 случаи на зараза имало од 58.000 луѓе, па тестот се оценил како успешен.
Дополнителен позитивен факт е што на финалето во ФА Купот каде што Челзи на истиот стадион играше со Лестер немало ниту еден случај на зараза.
Како и да е засега ова се само најави и ќе се чека потврда од здравствените власти. Меѓутоа секако дека фудбал пред полн „Вембли“ би било нешто фантастично после толку долго време.