Вистинска драма се случуваше во последното коло во Серија А после кое Ливерпул заврши на третото место, а Челзи „сречно“ избори пласман во Топ 4.
До 15 минути пред крајот на натпреварите Челзи беше надвор од Топ 4 бидејќи губеше од Астон Вила, а Лестер имаше предност во мечот со Тотенхем.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Момците на Томас Тухел изгледаа очајни и се чинеше дека ќе останат без пласман во ЛШ, но стигна помош од Тотенхем, кој во последните петнаесетина минути успеа да направи комплетен пресврт против Лестер (2:4).
И покрај поразот од Астон Вила (2:1) Челзи остана на четвртото место поради подобрата гол-разлика со Лестер, а Ливерпул заврши на трето место откако рутински го совлада Кристал Палас (2:0).
Во Лига Европа ќе оди и Вест Хем, додека Тотенхем сезоната ја заврши на 7-то место и ќе игра Конференциска лига.
Манчестер Сити со „петарда“ против Евертон ја затвори сезоната, а Агуеро со два гола се прости од „граѓаните“.