Медиумите во Италија пишуваат дека Милан ги следи настапите на Матео Песина кој во последно време игра одлично во дресот на Аталанта.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Росонерите“ го продадоа Песина за нешто помалку од два милиони евра, но во договорот има и клазула со која треба да добијат 50% од следната продажба.
23-годишниот Песина игра одлично и добива голема доверба од Гасперини, па го привлече вниманието на големите клубови, а неговата цена драстично порасна.
Милан е во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи може да го откупи за 50% од неговата вредност, а „Газета дело Спорт“ пренесува дека „росонерите“ одлучиле да го вратат на „Сан Сиро“.
Аталанта го проценува на 20 милиони евра, а тоа значи дека „росонерите“ можат да го донесат за 10 милиони евра во своите редови.