Дома Фудбал Aдеми: Целиот се ежам кога ќе видам дека сум најтрофеен во историјата на Динамо

Aдеми: Целиот се ежам кога ќе видам дека сум најтрофеен во историјата на Динамо

Репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми вчера заедно со Стефан Ристовски стигна до двојната круна, а за Адеми ова беше 19. трофеј во кариерата откако веќе цела деценија е во хрватскиот клуб.

Во редовите на Динамо Адеми дојде во 2010 година од Шибеник, но една полусезона не играше затоа што ја помина во братската Локомотива, потоа две сезони воопшто не играше поради допинг. Па затоа е уште по импресивно што кога се ќе се собере до овие 19 трофеи дојде за нешто повеќе од осум сезони.

Математички Адеми со Динамо освојува повеќе од два трофеи во сезоната. Самиот Адеми има повеќе трофеи од вториот најголем клуб во Хрватска, сплитски Хајдук кој во својата историја освоил 17 трофеи.

„Ако некој ми кажеше дека ќе дојдам до вакво нешто кога пристигнав тука ќе му кажев дека не е нормален.

Целиот се ежам кога ќе видам дека сум најтрофеен играч во историјата на Динамо, клуб каде што играле огромни легенди“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…