Дома Останати Кошарка НБА Леброн за победа и плеј-оф на Лејкерси, Вориорси мораат на поправен 🎥

Леброн за победа и плеј-оф на Лејкерси, Вориорси мораат на поправен 🎥

Лос Анџделес Лејкерси славеа во „Стејплс Центарот“ против Голден Стејт со резултат 103:100 и така ја освоија седмата позиција во Западната конференција.

Вориорси одиграа многу добар натпревар. Го контролираа резултатот во поголем дел од натпреварот имаа прилично добро водство кое на моменти одеше и до плус 13, но на крајот Леброн го имаше последниот збор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На една минута пред крајот Леброн погоди тројка за победа од 103:100. Вориорси не го реализираа нападот и на крајот Лејкерси го освоија седмото место на Западот.

Најефикасен поединец на натпреварот беше Стеф Кари со 37 поени, додека Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис со 25 поени и 12 скокови. Леброн Џејмс натпреварот го заврши со трипл-дабл учинок од 22 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Во плеј-офот Лејкерси ќе играат против Феникс.

Вориорси ќе имаат шанса за поправен против екипата на Мемфис која славеше против Сан Антонио со резултат 100:96. Брукс со 24, Валанчиунас со 23 поени и 23 скока го водеа Мемфис до победа против Спарси.

Победникот од мечот Вориорс и Мемфис ќе го освои осмото место Западот и ќе игра против Јута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…