Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер не ја исклучи можноста на лето клубот да купи нов напаѓач.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кавани неодамна го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“, но клубот сака да донесе уште еден врвен напаѓач.
„Се разбира дека ќе го засилиме тимот. Не значи дека тоа што Кавани останува дека нема да дојде друг напаѓач. Ќе се обидеме да го засилиме тимот најдобро што можеме“, изјави Солскјер, а потоа доби прашање за Хари Кејн.
„Не сакам да зборувам за играчи од други клубови. Ме познавате и знаете дека ги респектирам другите клубови. Би сакал да зборувам и за Меси и Роналдо, но не можам“, додаде Солскјер.