Каталонските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.
Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па и самиот сака да ја промени средината.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Медиумите изминатите недели го поврзуваа Пјаниќ со неколку клубови, а сега се шпекулира со евентуално враќање во Јувентус.
Имено, Јувентус сака да го врати Пјаниќ во Торино и остварил контакт со Барселона, која е спремна да го пушти 30-годишниот плејмејкер.
Пјаниќ беше дел од Јувентус од 2016 до 2020 година каде се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.