Дома Трансфер зона За Чалханоглу пристигнала богата понуда од Катар

За Чалханоглу пристигнала богата понуда од Катар

Турскиот фудбалер Хакан Чалханоглу добил неверојатна понуда од Катар.

Овој 27 годишнен играч за врска на кого договорот со Милан му истекува на крајот од сезоната добил понуда од екипата на Ал Духаил, а богатите Арапи му понудиле огромна сума.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Понудата која пристигнала до Чалхноглу изнесувала 32 милиони евра за три години, но турскиот репрезентативец истата ја одбил.

Повеќе клубови покажаа интерес за ангажман на Чалхноглу, а помеѓу нив е и Јувентус. Меѓутоа треба да се спомене и дека Милан не се откажал од обидите да ја продолжи соработката.

Сепак, нема дилеми дека ниту еден од заинтересираните клубови не може да ја израмни понудата на катарските богаташи. Но, во овој момент приоритет за Чалхнаголу е останувањето во Европа.

Во редовите на Милан Чалханоглу дојде од Баер Леверкузен во 2017 година за сума од 24 милиони евра и во изминатите четири години играше навистина добро за „росонерите“. За Милан одигра 171 натпревар и постигна 32 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус го купува синот на Турам

Јувентус покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат …