Дома Фудбал Италија Провокација од Пирло: Јас го играм второто финале во сезоната, Гасперини второто во цела кариера

Провокација од Пирло: Јас го играм второто финале во сезоната, Гасперини второто во цела кариера

Во финалето на италијанскиот куп вечерва ќе се сретнат Јувентус и Аталанта.

Пред овој натпревар на прес-конференцијата за медиумите зборуваше тренерот на Јувентус Андреа Пирло кој веројатно ги минува последните денови како тренер на Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во таа прилика Пирло испрати и мала провокација до Гасперини.

„Имав среќа да играм во две финалиња во првата сезона (претходно Јувентус го освои италијанскиот Суперкуп). За Гасперини ова е второ финале во кариерата. Имаме различни патишта, различни тренери сме и личности. Ја водеше Аталанта во Лигатан а шампионите и тој успех го ценеше цела Европа. Јас само што го започнувам мојот пат“, изјави Пирло.

Финалето Јувентус и Аталанта го играат вечерва од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…