Дома Останати Ракомет Дисингер и дефинитивно го напушта Вардар

Дисингер и дефинитивно го напушта Вардар

Следната сезона Вардар нема да смета на услугите на Кристијан Дисингер, Германецот ќе се пресели во редовите на Динамо Букурешт од Романија.

Договорот е постигнат, Дисингер се согласил на соработка од две години и се најавува како големо засилување за романскиот шампион. Треба да се спомене дека тој ќе биде првиот германски репрезентативец кој ќе игра во ракометната елита.

Дисингер во Романија заминува по три сезони во Вардар со кој освои две домашни титули и трофејот во Лигата на шампионите.

За репрезентацијата на Германија собра 19 настапи и постигна 42 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Ќе биде тешко: Еве кои земји се тркаат за ЕП кое и Македонија сака да организира!

Македонија е меѓу 11-те европски земји кои официјално покажаа интерес за организација на Е…