Дома Фудбал Де Лихт: Луѓето во Јувентус ми се смеат поради облеката која ја носам

Де Лихт: Луѓето во Јувентус ми се смеат поради облеката која ја носам

Стоперот на Јувентус Матијас де Лихт не е како многу други играчи кои се премногу посветени на својот изглед и кои ги следат сите модни трендови.

Поранешниот играч на Ајакс е опуштен, не сака скапоцена и брендирана облека, па признава дека поради тоа често му се смеат.

„Секогаш се облекувам како што сега сум облечен. Едноставно не сум голем љубител на скапа дизајнерска облека. Јас сум Матијас, јас сум свој и нема да ме видиме како на тренинг одам со скапо одело. Сакам да бидам едноставен. Мојата професија е фудбалер, сакам да бидам ѕвезда само на теренот.“ – рече 21 годишниот Холанѓанец.

„Понекогаш во клубот ми се смеат поради тоа што го носам, но не ми е гајле. Се додека се чуствувам добро, задоволен сум.“ – додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две победи не ги сокрија слабостите: Леко допрва треба да го среди Динамо

Џерко Леко донесе енергија и резултати, но триумфот во Вараждин покажа дека Динамо сè уште…