Дома Фудбал Англија Филмска приказна: Џејми Варди го направи она што не го направил никој претходно!

Филмска приказна: Џејми Варди го направи она што не го направил никој претходно!

Напаѓачот на Лестер Џејми Варди може да добие своја филмска приказна.

Пред десет години Варди играше аматерски фудбал и дојде до својот прв трофеј во пониските англиски лиги. После епизодите во Халифкас и Флитвуд направи трансфер во Лестер и така започна една убава фудбалска историја.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Со Лестер Варди заврши прв во Чемпионшиш, ја освои Премиер лигата, а сезонава и ФА Купот. Покрај трите големи клупскји трофеи во Англија ги освојуваше и наградите а најдобар играч и стрелец. Еден податок посебно го свртува вниманието.

Џејми Варди е единствен фудбалер во историјата кој играл во сите 14 рунди на ФА Купот.
Најстарото фудбалско натпререварување има 14 рунди, а од првата рунда започнуваат аматерските клубови. После квалификациите доаѓа главната рунда и се приклучуваат професионалните клубови.

Значи Варди во својата кариера играл во сите шест рунди од квалификациите и осум главни рунди на крајот и го освои најсторото натпреварување во светот.

За Лестер собра 306 натпревари и постигна 136 голоови и стана вистинска икона на овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Омерагиќ ги пречека челните луѓе на Црвена Звезда во „Куќата на фудбалот“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, денеска оства…